Дваесет и петтото јубилејно издание на Охридскиот пливачки маратон наредната година ќе се одржи на 14 август и а трката ќе остане во склоп на Гран При серијата за 2011 година. На сметката на охридскиот клуб се уште не се легнати сите ветени средства од ланскиот маратон, но очекуваат до крајот на годината да се префрли целата сума за да може да се стартуваат подготовките за јубилејниот сребрен пливачки маратон.
Поголемиот дел од средствата се префрлени на сметката на техничкиот организатор на Охридскиот Пливачки Маратон, “Охридски Бранови“ , но. .
–Имаме договорено некоја динамика до Нова година очекуваме да се префлат средствата, за да потоа седнеме на маса и да се договорат деталите за јубилејниот 25 маратон. Се надевам дека тој договор ќе биде испочитуван – вели Кочо Паскали од “Пливачки бранови“.
Охрид само во текот на летото живее се пливањето , и покрај тоа што се има желба за реновирање на пливалиштете, работите тешко се подмрднуваат од мртвата точка. – Ние како град практично сме исклучен од пливање, немаме летно пливалитшр, а камоли да се размислува за затоврен базен. Има заенитересирани луѓе, со конценсионерот стапивме во контакт и тој е расположен да го даде на располагање на име на клубот без надокнда,. Не можам да разберам еден град од 50 илјади житали да нема базен од 50 метри, па макар и тој би функционирал само на лето. Исто така во Струга имавме прекрасен базен,а сега тој е срушен не постои, па таму се израстени дрва – вели Паскали.
Првиот човек на охридскиот пливачки клуб смета дека зад базените треба да застане градот кој би стопанисувал со нив и додава – Нема подолу од ова, единствено да се изгради зграда кај што е базенот.
Ништо подобра не е ниту комуникацијата со Агенцијата за Млади и Спорт , со која охриѓани стапиле во контакт во неколку наврати. Од таму велат охриѓани се чудат ако поднесеме апликација за било каква иницијатива и организација.
– Ние имаме маратон на кој учествуваат преку 80 деца, агенцијата ниту се заинтересирала ниту дошла да не праша што правиме. На тој пливачки натпревар имаме учесници од Франција, Холандија, кои доаѓаат да пливаат во Охрид.Таа манифестација со скромни средства може да се направи како бајка, а ние од година во година крпариме. Имаме помош од локалната и од спонзори од Охрид , кај народот постој желба, но ни таа волја ја фрламе низ вода – смета Паскали.
Паскали вели дека имаат изготвено програма за време на целото лето, од јуни па се до септември да се актуелизира Дојрански езеро, да заживее Преспанско каде е застанато времето, потоа да се оргазниираат трки во Охрид и во Струга,а Илиндески куп да биде врв на сите натпреварувањата.
Гоце Ојлески прави кам-бек во македонската ракометна репрезентација Членот на ГРК Охрид ќе настапи за Македонија на двата натпревари против Естонија и Литванија на кои бркаме пласман на наредното Е...
Во врска со одлуката на ФФМ за суспендирање на Оптинскиот фудбалски сојуз Охрид (ОФС-Охрид), сојузот се огласи со соопштение во кое објаснува зошто и како настанала актуелната ситуација и тоа во го...
Управниот одбор на ФФМ на седница одржана деновиве, донесе одлука ОФС ОХРИД поради грубо кршење на одредбите од Статутот и актите на ФФМ да добие суспензија УО на ФФМ по темелна постапка и по претх...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.