Шефот на Делегација на Собранието на Република Македонија, пратеникот Александар Николоски учествува на редовната есенска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), што се одржува во Стразбур до 3 октомври.

На сесијата ќе се расправа за Извештајот за претседателските избори во Турција, борбата против манифестациите на неонацизам, правата на жените во евро-медитеранската соработка, доброто владеење и зголемениот квалитет на образованието, подигање на статусот на стручното образование и обука, активностите на Организацијата за економска соработка и развој, функционирањето и демократските институции во Грузија, прогресот на постапката за мониторинг на Парламентарното собрание, активностите на Европската банка за реконструкција и развој, одбележување на обврските од членството на Албанија и алтернативите за притворањето на децата при емиграција.

Од особено значење е точката за реформа на мониторинг постапката, по чиешто усвојување ќе се воведе мониторинг над сите земји-членки на Советот на Европа. Оваа реформа е дел од залагањата на Николоски, како потпретседател на Комитетот за мониторинг и како член на ад-хок Комисијата за реформа на мониторинг процесот.

Како итни прашања, на дневниот ред се и кризата во Украина и заканите од Исламската Држава.

OhridNews