Центар за меѓукултурен дијалог од Куманово од денес до 20- ти октомври во Струга организира Меѓународна конференција за меѓукултурен дијалог.

На конференцијата ќе учествуваат 70 активисти од граѓанскиот сектор, претставници од национални и меѓународни организации, како и претставници од владини инситутиции, со цел да се разгледаат и анализираат предизвиците на меѓукултурниот дијалог во Европа. Специјален фокус за Македонија како домаќин на овој настан, ќе се стави на споделување на научените лекции од Охридскиот Рамковен Договор како и 10 години од неговата реализација.

Конференцијата наречена Спојување на паралелните општества: Алакти за обединување се организира  од страна на здружението Центар за меѓукултурен дијалог од Куманово  во соработка со меѓународната мрежа УНИТЕД за меѓукултурна акција.

Конференцијата е финанскиски  поддржана од страна на Канелацијата на ОБСЕ во Скопје, Советот на Европа, Група за малцински права, Матра – Фондација од Министерството за надворешни работи на Холандија.

OhridNews