За денеска се очекува два региона од нашата земја да бидат зафатени со температури што ја дефинираат жолтата, односно алертна фаза. Со жолта фаза ќе бидат опфатени Охрид, Струга, Дебар и Ресен, како и Тетово, Гостивар, Кичево, Маврово и Македонски Брод.
Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, деновите со повисоки температури се очекува да траат до крајот на неделата.
Во Охрид денеска температурата ќе достигне до 33-от степен. Граѓаните треба да се заштитат од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено од 11 до 17 часот, да консумираат лесна храна и течности, храната хигиенски да ја подготвуваат, а хронично болните редовно да ја земаат терапијата.
OhridNews