Награда за најдобра видео приказна „The Best Story 2022″ за спотот од Elita 5 – Lamtumire (Збогум) освои охридскиот режисер и продуцент Даниел Јовески на големиот спектакл за музички видео награди „Ноќта на видео клиповите за Албански пазар“ – „Netet e Klipit Shqiptar 2022” што се одржа во Улцин.
Наградената видео приказна беше во конкуренција со видео продукции од неколку држави на Балканот каде покрај Македонија, беа и Албанија, Косово и Црна Гора. Јовески на овој музички настан беше номиниран во шест категории.
Церемонијата за награди се пренесуваше во живо на неколку телевизиски канали во регионот MTV2 ,TVSH и RTK1HD.”
Ова е уште една потврда на квалитетот на охриѓанецот Јовески како режисер и сестран уметник кој во континуитет освојува награди на меѓународни натпревари.
Јовески е еден од најценетите и најбарани режисери на видео спотови во земјата.
OhridNews













