Со пригодна свеченост што ќе се одржи вечерва во кафе-барот „Ликвид“, Ротаракт клубот од Охрид и официјално ќе го прослави добивањето на одобрение за работа од страна на Rotary International.
Ротаракт клубот во Охрид функционира од месец април годинава, а во тек е реализација на неколку негови проекти.
На забавата се поканети сите Ротари и Ротаракт клубови од Македонија, претставници на Лајонс клубовите, медиуми, невладини организации и институции од градот.
Средствата кои ќе се соберат од влезниците кои чинат 700 денари ќе се искористат за хуманитарни цели, информираат од Ротаракт клубот.












