Советот на општина Охрид денеска едногласно донесе одлука за поделба на МЈП „Проаква“.

Иако советниците речиси три часа потрошија во размена на аргументи за и против, на крај тие едногласно ја подржаа прредлог одлуката за поделба. Дел од советниците бараа најпрвин државата да биде консултирана за иницијативата за поделба, а дури потоа да се носи одлука.
Советникот од ЛП, Љупчо Нечкоски отворено запраша зошто во екот на поделбата во „Проаква“ се вршат нови вработувања и што ќе биде со нив по поделбата.

За советникот пак од ВМРО НП, Ранко Вељаноски  не е јасно зошто се дели МЈП „Проаква“. „Јас не знам, а верувам дека и сите советници кои денес ќе ја подржат одлуката за поделба на „Проаква“ не ги знаат причините зошто се дели јавното претпријатие“, рече Вељаноски.

Од МЈП  „Проаква“ во иднина ќе произлезат три нови јавни претпријатија.

Г. Момироски