Охридскиот стрелачки клуб се жали на лоша организација на Куп натпреварот во Битола
17.10.17 16:57
Завршен и третиот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма, што се одржа викендов на стрелиштето во касарната во Битола. И ова натпреварување како впрочем и сите претходни, мина со низа пропусти и недостатоци на организациски план, но за жал и овај пат не беше изоставена злоупотребата од страна на Селекторот, кој направи три партии за да може неговите стрелци (првенствено неговата сопруга) непречено да се натпреваруваат, имајќи во предвид дека останатите стрелци го завршуваат натпреварувањето и го напуштаат стрелиштето, па условите за натпреварување се далеку поповолни отколку во првата партија. Овoј натпревар беше рекордно најслаб по број на пријавени стрелци од сите клубови во државава. Имено на натпреварот не зедоа учество квалитетните стрелци од Кавадарци и Прилеп, но истотака и од Велес, со што конечно се става под знак прашање и опстанувањето на овај спорт воопшто. И резултатите не беа во потполн сјај, нормално и очекувано кога натпреварот не започнува на време поради немање на струја, па нервозата кај натпреварувачите е повеќе од очигледна, а прекинот на струјата и на самото натпреварување предизвика вербална расправија помеѓу организаторите и стрелците од СК ,,Стрелец,, која за малку не прерасна во поголем инцидент. Ваквите испади и нетрпенија во континуитет траат веќе подолго време, па натпреварите почнаа да наликуваат на арена за докажување на тоа кој има поголема моќ. Нашиот клуб по не знам кој пат достави званично Барање до македонската спортска стрелачка федерација за организирање на натпреварите во Охрид, и избегнување на вакви инциденти, но молк и понатаму од нивна страна, за што, раководството од страна на нашиот клуб, се повеќе размислува да не настапува на натпревари, се додека ваквата ситуација не се промени и натпреварите не наликуваат на клупски Турнири, туку на масовни такмичења какви што имавме пред десеттина години.
СК ,,Охрид,, истотака овај пат настапи само со 4 свои стрелци, во категорија на јуниорки (што никогаш не било случај) и резултатите се следни. Нашата најдобра јуниорка Мартина Петровска и покрај долгото отсуство од тренинзи поради школувањето во Скопје, повторно неприкосновена на првата позиција со извонреден резултат од 405,8 кругови, односно второпласирана во конкуренција на жени. Анастасија Мојсовска на третата позиција за јуниорки со далеку послаб резултат од своите можности со 395.4 круга, односно петтопласирана во севкупен пласман жени. На четвртата и петтата позиција се пласираа Мартина Кочовска и Јована Милевска со резултати од 377,5 односно 376.3 кругови. И на овај натпревар изостана пукањето на финале, што мора да е завршен дел на еден натпревар, па надлежните инспектори од областа на спортот конечно треба да направат увид и прекин на ваквите недостатоци на натпреварите, како не би се довело до гаснење и на овај, некогаш најмасовен и најатрактивен спорт.
Ракометарите на Охрид утре во рамки на 21-коло од ракометната Супер лига ја пречекуваат екипата на РК Бутел После европскиот натпревар не очекува натпреварот против екипата на Бутел, една одлична е...
Викендов беа одиграни натпреварите од првото коло од фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“ што се одржува во Спортскиот центар „Климент Колески“ во организација на „Sport Brother Ohrid“ Во сабот...
Екипата на Охрид Лихнидос ги продолжува подготовките пред почетокот на вториот дел од првенството во Втората лига По нерешениот резултат со Струга на 6 февруари, Охрид викендов одигра контролен нат...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.