Охридскиот супер херој Марко Пејчиновски вечерва го започнува новиот предизвик- Ironman триатлон околу Охридското Езеро.

По месеци напорни тренинзи, по многу падови, повреди и искушенија – конечно дојде моментот за мојот модифициран Ironman триатлон. За тие што сè уште не знаат што ќе правам, вечерва со почеток од Св. Наум ќе трчам до Струга, потоа со велосипед од Струга ќе се вратам во Св. Наум и за крај со пливање ќе се упатам кон Охрид за вкупна бројка од 107 километри, вели Марко.

Вели дека целта на овој предизвик е потрагата по желба за живот, откако, како што вели, пред 1 година бил загубен по патот на животот како и многу други.

Со ова сакам да им покажам и да ги инспирирам сите дека има подобро утре. Со вера во Бога и упорност ќе успеете. Сакам да изразам благодарност до сите вам кои ми ја давате вашата безрезервна поддршка.  Целиот триатлон ќе биде документиран на моите социјални мрежи, и затоа заследете ме, споделете го ова видео и се надевам дека ќе ве видам во што поголем број на целта, додава Марко.

OhridNews