Суперкомпјутерот кој го изработија младите докторанти од Универзитетот за информатички науки и технологии во Охрид во соработка со студентите, денеска ќе биде официјално ставен во употреба.

Станува збор за компјутер со брзина на обработка на податоците од 3. 000 милиони операции во секунда, а кој чини нешто помалку од цената на еден просечен автомобил. Суперкомпјутерот е составен од неколку поврзани компјутери, кои за разлика од другите, содржат поголем број процесори. Секој работи засебно на свој дел од зададаената задача и на крај се вади заеднички резултат.

Овој систем ќе има директна конекција на интернет и со тоа неговите функции ќе им бидат достапни на сите високообразовни институции во Македонија.

На официјалната презентација на суперкомпјутерот ќе присуствува министерот за информатичко општество, Иво Ивановски.

OhridNews