На фестивалот на комедијата во Куманово Народниот театар Охрид ги собра аплаузите на кумановчани.

Претставата Метаморфози во режија на Андреј Цветановски ја насмеа публиката до солзи, а кумановци не ги криеа своите симпатии кон охридските актери коментирајки дека фестивалот им бил разубавен.


Охридскиот театар со оваа претстава учествуваше на фестивалите во Битола-Битфест, фестивалот на античка драма-Стоби во Велес, на фестивалот  Младински Отворен Театар-МОТ и на фестивалот за комедија во Куманово.

Охриѓани ќе имаат можност оваа претстава да ја видат во сабота на 8-ми октомври во 20:00 во Центарот за култура во Охрид.

OhridNews