Овој своевиден “политички мјузикл”
работен според текстови на Дејвид Грег, Ева Енслер, Рене Полеж и Горан
Стефаноски како и лични материјали на актерите, говори за желбите,
проблемите и потребата на земјата да влезе во Европаката унија.
Претставата длабоко задира во чувствата на луѓето и на еден модерен,
несекојдневен начин ја раскажува транзиционата приказна во која исчезнаа
моралните вредности, надежта и перспективата на цели народи.
-Во
„Европа“ ги разгледуваме темите во однос на нашата спремност или
неспремност да влеземе во Европската унија, и нашата желба всушност
Европа да влезе во нашата држава со што би се подобрил стандардот на
живот, начинот на размислување. Не само Македонија да влезе физички во
ЕУ, туку реално да создадеме почва Европа да се случи кај нас, вели во изјавата дадена неодамна за OhridNews, режисерката Софија Ристеска.
Претставата „Европа“ во која игра комплетната актерска екипа на Градскиот театар премиерно беше изведена пред охридската публика на 17-ти декември. Неодамна Министертвото за култура донесе одлука за институнационализација на охридскиот театар на кој ова ќе му биде прво гостување надвор од Охрид како професионална куќа.