Во среда, 16-ти август, охридскиот Народен театар гостува на фестивалот „БИТ ФЕСТ“ во Битола. Со почеток во 20.00 часот ќе ја изведат претставата „Аналфабет“ – комедија работена според делото на Бранислав Нушиќ, а во режија на Ѓорѓи Ризески.

Во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Елизабета Стефановска. Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.

OhridNews