Во рамки на редовниот репертоар на охридскиот Народен театар, вечерва во Центарот за култура”Григор Прличев” ќе се прикажува театарската претставата “Метаморфози”.

Претставата која е работена по Метаморфози на Овидиј, е во режија на Андреј Цветановски, а во адаптација на Дарко Јан Спасов. Сценографијата е на Владимир Ѓорески-Рафик, костимите на Кристина Мукоска Затуровска.

Во претставата играат: Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Ивица Цонев, Никола Тодороски, Билјана Билаловиќ, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ.

Почеток на претставата е во 20 часот.

OhridNews