Познатиот трговски синџир „ДОН“ од Охрид, денеска го отвара својот прв маркет во главниот град. Супер маркетот „ДОН“ е лициран во населбата Ново Лисиче, општина Аеродром. На површина од 800 метри квадратни супер маркетот „ДОН“ на граѓаните на Скопје ќе им понуди разновидни производи за широка потрошувачка со препознатлив квалитет, пристапни цени и исклучително висока услуга.

Трговскиот синџир „ДОН“ покрај во Охрид каде има два маркети, на улицата „7-ми Ноември“ и кај  кружниот тек во близина на градската болница, присутен е уште и во Струга и Скопје.

Од компанијата најавуваат проширување на продажната мрежа во следните шест месеци со нови „ДОН“ маркети во Битола, Струмица и Скопје.

OhridNews