Охридскиот Центар за социјална работа биде дел од седумте центри во Република Македонија, кои во наредните девет месеци целосно ќе бидат реновирани, реконструирани и ќе бидат опремени со нов мебел и опрема, најави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
-Започнуваме со реконструкција на центрите за социјална работа во Демир Хисар и во Крушево, а исто така ќе се заврши реконструкцијата и реновирањето и на центрите во Прилеп, Битола, Охрид, Штип и Гевгелија. Со тоа што ќе се финализира и втората фаза за која се инвестираат 38.000.000 денари, рече Спасов.
Тој потенцираше дека ќе продолжат со третата фаза на реновирање на центрите за социјална работа преку ИПА програмата на ЕУ.
-Очекуваме до средината на оваа година да биде потпишан договор за реновирање на дополнителни 19 центри за социјална работа и со тоа да го затвориме целиот пакет, осносно сите центри да бидат комплетно реновирани и значително модернизирани и подобрени условите за работа, рече Спасов.
OhridNews












