– Хуманоста што ја покажаа нашите крводарители преку доброволно дарување крв придонесе да бидат спасени многу човечки животи, велат од Црвениот крст.
Како гест на благодарност кон нив, а по повод Денот на крводарителството во Р. Македонија, Црвен крст Охрид на 18.03.2011 год. (петок), со почеток во 13:00 ч., во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, организира свеченост на која на заслужни крводарители, поединци и институции кои помогнале во развојот и унапредување на крводарителството, ќе им бидат доделени признанија.