Охридските угостители се незадоволни од Предлог одлуката на Советот на Општина Охрид во врска со новите тарифи за поставување урбана опрема и начинот на нивно спроведување.

 

-Навестено е и поскапување на закупот на простор за преку 60 проценти. Со цел таквата предлог одлука да биде стопирана пред закажаната седница на Советот, Здружението Охридски Еснаф со писмено барање доставено до Советот бара работна средба со надлежните, на која би се продискутирале, разјасниле и образложиле точките наведени во истата. – вели во писмената изјава за медиумите Михаил Мишев, претседател на Здружението на угостители „Охридски Еснаф“.

Предлог – програма за поставување урбана опрема на подрачјето на општина Охрид за 2018 година, ќе се најде на дневен ред на 10-та седница на Советот, што ќе се одржи на 29-ти јануари.

OhridNews