Охридскиот уметник Манасиески- добитник на специјална награда на Јапонската асоцијација
12.12.10 11:00
Охридскиот сликар Јордан Манасијески е добитник на специјалната награда на Јапонската асоцијација за современа уметност. Наградата му е доделена за неговата слика Молитва за радост, која била дел од годинешната изложба „Големите мајстори на утрешнината“, која во музејот „Лувр“ во Париз се одржа од 22 до 24 октомври. Како израз на почит кон вредноста на неговите дела, асоцијацијата го поканила да биде дел од нивната изложбена колекција.
Јордан Манасијески на големите изложби во Париз е присутен од пред две години со учеството на светски познатиот, со стогодишна традиција, изложбен „Есенски салон“ на кој изложуваат сликари од различни земји од светот. Минатата година едно негово дело влегло во тесен избор за наградата Гран-при.
Делото „Молитва за радост“, според познатиот охридски уметник, претставува порака и молитва за иднината.
„Summer comedy festival“ што оваа година се одржува по седми пат, високо ја подигна летвичката на квалитетно организирани културни настани, во вистинска смисла на зборот Во морето концерти, разно р...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими британските уметници, виолинистот Џек Либек и пијанистката Катја Апекишева, коишто вечерва ќе настапат на британската вечер, во рамки на 65 издан...
И ова година бродарите на Охридското Езеро се жалат на исти проблеми и предизвици каде и на каков начин да пристанат во пристаништето во СвНаум Истото е преплитко и неможе едновремено да ги прими с...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.