Уште едно дело од охридскиот неуморен творец на мозаици Никола Упевче. Деновиве го презентираше новиот мозаик посветен на Св. Никола, а како што пишува, направен е за влезот на црквата Св. Никола во Маврово.

Мозаикот е работен според иконата од Дичо Зограф од црквата Св. Никола Геракомија во Охрид, за влезот од црквата Св. Никола (Маврово) во Галерија Упевче, напиша на својот фејсбук профил Упевче.

Упевче за создавањето на мозаиците ќе рече дека е техника која бара многу пожртвуваност.

Мозаикот прво треба да го имаме изграден во нашата глава, да ги имаме одбрано сите нијанси, да го имаме одбрано како тоа се ќе изгледа и со една голема упорност да успееме да го ставиме последното камче и да речеме „Се склопи мозаикот“, една многу захтевна техника која бара многу посветеност, вели Упевче.

Инаку, авантурата на Упевче во истражувањето на техниката за конзервирање и рестарвирање мозаици во земјава и во странство започнува од првиот мозаик изработен на Факултетот за ликовни уметности.

Н.С.Ј.