Новиот Универзитет за информатички технологии во Охрид, ќе го носи името на Свети  Апостол Павле. Оваа одлука, Собранието на Република Македонија, ја донесе, по предлог на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Универзитетот започна со работа во септември минатата година и на него студираат 75 студенти.  Просториите за настава, на оваа високообразовна институција, кои сеуште се уредуваат, ќе бидат сместени во поранешниот Дом на АРМ во Охрид. Додека не се адаптираат планираните простории на Универзитетот, студентите по информатика наставата ќе ја следат на Факултетот за туризам во Охрид.

Ohridnews