Кардиовакскуларните заболувања се прва причина за смртност во Република Македонија. „Покрај основните ризик фактори како пушењето, зголемената телесна тежина, крвниот притисок и дијабетесот, стресот наметнат од денешниот начин на живот станува мајорен ризик фактор за кардиоваскуларни заболувања“, вели д-р Никола Бакрачески, директор на Заводот за лекување, превенција и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во Охрид.

Оваа здравствена установа која опслужува пациенти од поширокиот регион бележи континуиран развој и заедно со Клиничкиот центар во Скопје претставува темел на јавното здравство во лекувањето на кардиоваскуларните заболувања. Со искористеност на болничките сместувачки капацитети од 80% охридскиот кардиолошки завод е меѓу најуспешните јавни здравствени установи каде годишно се вршат од 13 до 15.000 амбулантни прегледи, околу 30.000 дијагностички процедури и се обавуваат од 1500 до 1700 интервентни кардиоваскуларни процедури, од што околу 350 се животозагрозувачки, што е исклучително голем број со оглед на персоналот кој ја опслужува болницата. Медицинскиот персонал во заводот постојано се едуцира, а се набавува и нова современа опрема. Најголем проблем претставува недостатокот на простор, но д-р Бакрачески верува дека и ова прашање наскоро ќе се реши, а целта е во наредните 5 до 10 години оваа здравствена установа да организира и кардио-хируршка дејност.

Целосниот разговор со д-р Никола Бакрачески можете да го погледнете во најновото издание на емисијата „Охридски разговори“, која ексклузивно се емитува на OhridNews.


Охридскиот завод за кардиологија ќе организира кардио-хируршка дејност

OhridNews