Триесетмината охридски бригадири, волонтери/акцијаши од охридскиот акцијашки клуб „Брег на младоста“, со поддршка на општината Охрид и градоначалникот учествуваат на меѓународната волонтерска акција- Скопје на нашите дланки 1963-2018, по повод 55 години од Скопскиот земјотрес.

Охридските волонтери/акцијаши на акцијата се заедно со учесници од клубови од Куманово, Скопје и поединци и групи од други места, како и од Република Србија од клубови од Ниш, Белград, Кралево, Кикинда, Бела Црква, од Република Босна и Херцеговина клубови од Тузла, Зеница, Лопаре, Бреза, од Република Хрватска од Загреб, од Република Словенија клубови од Велење и Марибор, од република Црна Гора од Подгорица.

Учествуваат и поединци и групи волонтери/акцијаши од други балкански и европски држави кои, во рамки на програмата е предвидено да се дружат и спроведуваат работни, едукативни и културни активности со што ќе се означи нераскинливата историска врска на доброволниот акцијашки ангажман за помош на настраданите и тешките последици од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година.