Триесетмината охридски бригадири, волонтери/акцијаши од охридскиот акцијашки клуб „Брег на младоста“, со поддршка на општината Охрид и градоначалникот ќе учествуваат на меѓународната волонтерска акција- Скопје на нашите дланки 1963-2018, по повод 55 години од Скопскиот земјотрес.

  • Во оваа прилика, сакам, или поточно, и особено ние младите волонтери/акцијаши сакаме, да ја искажеме нашата гордост што сме вклучени и припаѓаме на здружението „Брег на младоста„ Охрид, каде што ги уживаме благодетите и вредностите на волонтаризмот како наш и светски признат позитивен феномен и каде што се едуцираме, воспитуваме и применуваме позитивна пракса да се почитуваме себе си, другите и, ги чуваме и заштитуваме вредностите, како на нашата преубава охридска животна средина и природните и културни вредности и наследство, така и на вредностите во други средини, држави, Европа и пошироко, вели Теа Петкоска, претседател на Клуб на млади волонтери/акцијаши во Здружение „Брег на младоста“ и Командант на Охридската бригада на волонтери/акцијаши.

Охридските волонтери/акцијаши интензивно се подготвуваат за учество на меѓународната волонтерска акција, што ќе се одржи  од 22 до 29 Јули, заедно со волонтери/акцијаши од Република Македонија од клубови од Охрид, Куманово, Скопје и поединци и групи од други места, од Република Србија од клубови од Ниш, Белград, Кралево, Кикинда, Бела Црква, од Република Босна и Херцеговина клубови од Тузла, Зеница, Лопаре, Бреза, од Република Хрватска од Загреб, од Република Словенија клубови од Велење и Марибор, од република Црна Гора од Подгорица. Ќе учествуваат и поединци и групи волонтери/акцијаши од други балкански и европски држави кои, во рамки на програмата ќе се дружат, и ќе спроведуваат работни, едукативни и културни активности и ќе ја означат нераскинливата историска врска на доброволниот акцијашки ангажман за помош на настраданите и тешките последици од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година.

OhridNews