Акцијашкиот клуб “Брег на младоста” го одбележа 1 Април – Денот на доброволното младинско ангажирање, со активност за чистење покрај рекреативната патека од каналот Студенчишта до локалитетот Горица.
Собраниот отпад соодветно е одложен. На учесниците во прилог не им одеше лошото време, но тоа не ги спречи охридските акцијаши да го одбележат Денот на доброволното младинско ангажирање.
OhridNews