Акцијашкиот клуб “Брег на младоста” го одбележа 1 Април – Денот на доброволното младинско ангажирање, со активност за чистење покрај рекреативната патека од каналот Студенчишта до локалитетот Горица.

Собраниот отпад соодветно е одложен. На учесниците во прилог не им одеше лошото време, но тоа не ги спречи охридските акцијаши да го одбележат Денот на доброволното младинско ангажирање.

Охридските акцијаши со еко акција го одбележаа Денот на доброволното младинско ангажирање

OhridNews