За време на оваа наша посета на овој локалитет дел од нашите колеги присуствуваа на Крале Марко Болдер Фестивалот, кој секоја година станува се по посетен. Како што бевме информирани од страна на учесниците на овој фестивал за наредната година на истиот овој локалитет, светски познатиот бренд за опрема „Petzl“ планира да организира натпревар за качување на болдери и со тоа Македонија и Прилеп ќе имаат можност со уште една природна реткост, која ни ја дала природата да привлечат голем број на качувачи (туристи) кои ќе имаат можност да уживаат во дел од природните убавини на нашата земја, а воедно и овој локалитет под Марковите кули ќе ја има таа можност да биде дел од светската карта на познатите места за качување на болдери.