Охриѓаните- членови на алпинистичкиот клуб “Патагонија”, Ангел Куртелов, Александар Гаџоски, Дарко Наумоски и Димитри Димитров, заедно со своите колеги од останатите алпинистички клубови од Македонија се искачија на познатиот локалитет, “Камена баба” во близина на Прилеп.


– Станува збор за локалитет кој по својот состав е гранит и изобилува со голем број пукнатини и процепи, добредојдени за качување во таканаречениот чист стил, велат охридските алппинисти.


Искачувањето на “Камена баба” беше организирано од страна на инструкторот во Македонската Алпинистичка Федерација – Игор Талевски. Како што потенцираат членовите на Патагонија, освен спортувањето, целта беше и да се дружиме. 

OhridNews