Третата рунда од националниот боксерски шампионат ќе се одржи во спортската арена „Билјанини Извори“, а охридските боксери Сашо Лескароски, Бојан Ристески и Илчо Јоноски максимално се подготвени за предизвикот кој го носи домашниот терен.

Минатата сезона кога охридскиот клуб беше домаќин Лескароски и Јованоски немаа противници, а мечот уште непочнат го предаде противникот на Ристески.
Мх.П.










