Четвртата рунда од боксерскиот шампионат ќе се одржи во Охрид, а охридските боксери се подготвени да одговорат на предизвикот, кој носи го носи домашниот терен.

Охрид ќе се престави со четири боксери, Димитар Јованоски во јуниорска конкуренција до 64 килограми, Сашо Лескароски (64 кг сениори), Бојан Ристевски (69 кг) и Илче Јоноски (91 кг).

– Подготвен сум да дадам се од себе, се осеќам доволно спремен и не осеќам никаков притисок. Се надевам нашата публика ќе ми даде голема поддршка како што секојдневно ми даваат останатите боксери од клубот. Ќе пружам максимум и ќе направам се за да победам и донесам четири бодови за мојот клуб во борбата за што подобра позиција на табелата –
рече “јуниорот“, Јованоски.

Почетокот на борбите се во 14 часот, а Јавното претрипријатие „Билјанини Извори“ широко ги отвара вратите за сите љубители на спортот и боксот во Охрид.

Мх.П.