Во финалните борби за шампионските титули охриѓани беа неприкосновени. Во категоријата до 64 килограми Ибраим Мустафи не го издржа високо темпо на Лескароски и мечот го предаде во втората рунда.
Ристески со убедливата победа над Мухамед Кадриу ја завери титулата до 69 килограми додека Јоноски со триумф над Синан Џеладин ја потврди одличната сезона за охридските боксери.
Боксерите јуниори Димитар Јованоски и Стефан Петрески освоија сребрени медали откако завршија на втората позиција.
Боксот долги години е на маргините во Охрид, но ентузијазмот, желбата, посветонста и волјата на охридските боксери е поголема од сите проблеми со кои се соочуваат.