Со низа свечености охридските борци од НОБ и почитувачи на традицијата, утре, ќе го одбележат Денот на победата над фашизмот и Ден на Европа, 9-ти Мај. Свеченостите е предвидено да се одражат ден порано, на 8-ми мај, во недела.

Собирно место е бул. „Туристичка“ кај Гимназијата од каде во 9.30 часот карванот ќе тргне за Дебарца. Во 10.30 ч. во месноста Раштани ќе биде положено цвеќе на споменикот на паднатите борци „Кременатец“. Поздравна реч ќе одржи Гоце Георгиески – претседател на Општинската организација на Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941 – 1945 и на граѓани продолжувачи во општините Охрид и Дебарца, а ќе се обрати и потпретседателот на организацијата Никола Стефаноски. Свеченоста ќе биде збогатена со рецитал во избор и изведба на проф. Маринела Јовановиќ.

Во рамки на одбележувањето на Денот на победата над фашизмот на пладне во Белчишта ќе се одржи промоција  на книгата ,,Дебарца, Белчишта 9 мај 2010 година”. Промотори на книгата ќе бидат проф. д-р Јордан Спасески и историчарот Наце Иваноски, модератор е проф. д-р Драган Јанкоски, а сегменти од неа ќе читаат ученици од средното училиште „Св. Климент Охридски“.

Свеченоста ќе биде збогатена со прием за гостите во зградата на општина Дебарца и културно уметничка програма.

OhridNews