Деновиве во Капетанијата во Белград, пет членови од охридското Здружение на бродари полагаа стручен испит за професионално наименување  “морнар-моторист во внатрешна пловидба” и истиот со успех го положија со што се стекнаа со право да управуваат со брод со вкупна сила на  главните мотори од 300 КС.  Овој чекор значи едно големо освежување на кадровската екипираност  на бродарството во Охрид , што само по себе доведува до зголемување на нивото на професионалност во работата на брод. Уверенијата имаат важност во Европската Унија , Америка и Русија.

Одлуката за таков чекор  е донесена од едноставна причина што кај нас и покрај сите направени напори за спроведување испити за стручни наименувања до ден денес ситуацијата не е помрдната од мртва точка и нема можност за спроведување на таков испит, велат од Здружението на бродари.

OhridNews