Во основниот суд во Охирд, денеска продолжи судскиот прицес против Лазе Радески обвинет за убиство на Раим Раким, Спиро Ставрески и Трајче Цоцески, сите тројца улични продавачи на девизи од Охрид.


Пред судот сведочеа, Ќазим Осман – вработен и Александар Ангелоски, сопственик на перална во Охрид. Тие посочија дека обвинетиот во февруари минатата година, го донел на миење своето возило “Фиат 1300“ во кое како што рекоа,во предниот дел имало траги од свежа крв, за која обвинетиот Радески им кажал дека се од животно кое тој го убил при лов.  Ќазим Осман посведочи , дека во багажникот на возилото имало чекан, секира и друг алат.

Во судот сведечеше, Весела Гогова која зборуваше за незјините односи со убиениот Спиро Ставрески и обвинетиот Лазе Радески, за кои рече дека ги познава како соседи. Таа напомена дека покојниот Ставрески бил исклучително чесен човек и позитивна личност.

Исказ пред судот денеска даде и вештото лице Митре Нечески – специјалист по судска медицина од Битола, кој вршел обдукција врз Трајче Цоцески и Спиро Ставрески.Тој кажа дека двајцата биле убиени со повеќе удари од тапо-тврд предмет во пределот на главата, а видливи повреди биле констатирани и врз телата  на жртвите. Извршената обдукцијата покажала дека врз телата на убиените биле нанесени повеќе постмортални повреди, а морбидните детали кои ги изнесе судскиот вештак укажуваат дсека жртвите биле усмртени на крајно суров и свиреп начин.
 
Следното рочиште од процесот против Лазе Радески е закажано за 20 Јануари 2009 г. со изведување нови докази за кои треба да се произнесат страните во процесот.

Г.М.