Изминатиов викенд охридските едриличарски клубови настапија на Интернационалната Едриличарска регата во Драч ,Р.Албанија.
Одличната организација од страна на Јахт Клубот Албанија кој за прв пат организираше регата на Интернационално ниво помина во знакот на охридските клубови. Едриличарските клубови Бофор и Стрмец се вратија со 7 освоени медаљи.
Во конкуренција и едриличари од 3 држави нашите едриличари ги постигнаа следните резултати:
Во класата оптимист победи Новица Велјановски од Ек. Бофор, втор беше Иво Илинчев од Ек Стрмец, додека трет заврши Игор Каневче од Ек.Бофор.
Женска конкуренција: прво место Стела Буљовчиќ од Ек.Рефул Србија, Иселда Царкањи од Јк. Албанија, и трето место Марина Малезан од Ек. Стрмец Охрид.
Оптимисти до 12 години , прво место Игор Каневче од Ек.Бофор Охрид, второ место Златко Златески од Снегар -Струга и трето место Дарко Слатинец од Ек.Стрмец -Охрид
Во класата Ласер Стандард најдобар беше Ердал Љушо од Снегар – Струга, втор заврши Славчо Мошоски од Ек.Стрмец Охрид, а трет Димитар Чаторошкоси Ек, Снегар Струга
Следен поголем настап на Македонските Едриличари ќе биде Балканијадата во Септември во Р.Грција .
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com