Во Лињано, Италија зaпочна Европското Првенство во едренје за класата Оптимист. Во конкуренција од 255 едриличари од 47 држави, боите на Македонија ќе ги претставуваат охридските едилицари Новица Велјаноски и Дамјан Поп-Стефанија.


Во прекрасниот спортски центар Јадрнаско спортско село, покрај едриличарите се собрани се уште стотици други млади спортисти каде преовладува спортскиот дух, младоста и пријателства од цел свет.


Едриличарите немаат среќа со временските услови, има слаб ветар со топол африкански бран.


Во текот на наредните шест натпреварувачки денови двајцата македонски едриличари ќе имаат можност да ги одмерат силите но и знаењето во едриличарството со европските едриличари како и гостите од Северна и Јужна Америка, Азија и Австралија.


Ohridnews