Египќаните во Охрид се втор етникум по бројност и согласно тоа треба соодветно да се интегрираат во општеството, сметаат политички претставници од оваа заедница.

Потврда за тоа според нив биле неофицијалните разултати од пропаднатиот попис, а доколку бројките се потврдат со нова статистичка операција, Египќаните  имаат намера да побараат да се допрецизира категоријата други во уставната преамбула и да се изврши ревизија на Рамковниот договор, согласно кој и тие имаат право на правична застапеност при вработувањата во државните институции.

За таа цел ќе бидат доставени барања за прием кај премиерот и градоначалникот на Охрид, најавува Демир Далип, кој за себе тврди дека е политички репрезент на охридските Египќани.

За разлика од него од Здружението на Балкански Египќани изразија отворено сомневање во резултатите од пописот порди несоодветна вклученост во процесот на претставниците на оваа етничка заедница, посочувајќи на одредени притисоци од поголемите етникуми. Оттаму сметаат дека Пописот треба да биде одраз на реалните сотојби, во спротивно најавија дека нема да ги прифатат резултатите.

OhridNews