По албанската и турската, незадоволство од начинот на кој се планира да се спроведе престојниот попис изразува и заедницата на Египќаните во Македонија.

Здружението на Египќаните во Македонија, Сојузот на Балканските Египќани и Здружението за мултикултурна интеграција- „Инклузија“, денеска на пладне на платото пред  Чинарот во Охрид ќе ја информираат јавноста за мерките кои ќе превземат   организациите како реакција на исклучувањето на заедницата на Египќаните од целокупниот процес за престојниот Попис на населението, домаќинствата и становите во 2011 година, т.е. непоставување на припадници од заедницата на Египќаните за членови на реонски пописни комисии, реонски инструктори и реонски попишувачи.

OhridNews