Охридскиот фудбал во добро светло го преставија Академија Пандев во генерација 2000 сребен медал, Еврофудбал во 2001 сребрен медал и Фер Плеј во 2003 бронзен медал.
Во финалето “академците“ претрпеа пораз од Работнички 2-0, истата судбина ги снајде и “европјаните“ кои од “романтачарите“ претрпеа пораз 2-0.
“Виолетовите“ во борбата за третото место ја совладаа екипата на Академија Пандев од Струмица.
Од двете селекции кои беа направени од фудбалери од охридско струшкиот регион медал освои генерацијата 2002 додека 2004 претрпе пораз во малото финале.
Од поединечните награди за најдобар голман беше прогласен “единицата“ од селекцијата 2002 година.
– Голема благодарност до сите екипи кои настапија во лигата и кои допринесоа да се формира, опстои и се надевам да продолжи и наредната сезона Детската фудбалска лига – рече координаторот на југозападниот регион, Наум Јанкуловски.