Охридските фудбалски арбитри беа дел од меморијалниот турнир во мал фудбал „Петар Велјановски – Мувата“, кој се одржа во Битола.
Велјановски, кој беше еден од најперспективните арбитри во Македонија го загуби животот пред две години, а битолчани во негова чест започнаа со организација на меморијален турнир.
На турнирот триумфираше струшката екипа, но резултатите беа во втор план, а дружењето беше во прв на „луѓето во црно“.
Мх.П.