Охридскиот гејминг-тим „Ентити“ е елиминиран во првото коло на светското финале „KODE 5“ во популарната комјутерска игри „Counter strike“, што се одржува во Москва – Русија.

Охриѓани беа поразени од бразилскиот тим „MIBR“ со 2:0, со што ги завршија натпреварите на светскиот турнир во Москва, кој се игра за награден фонд од 40.000 долари.

Боите на охридскиот гејминг тим ги бранеа Александар Киселинов алијас (helius), Јован Каланоски (Kalan), Ангел Грозданоски „”eRRor”, Ѓоко Лабоски “aIm1ghty” и Алтај Реџеп (rdn). Тиe учеството на светското финале го обезбедија по триумфалниот настап на регионалното финале „KODE 5“ што се одржа во Белград, каде беа најдобри во конкуренција од 16 екипи од Балканот. Самиот настап на светското финале во Москва за охриѓани беше голем успех, но веројатно нокаут системот на натпревари беше преголем психолошки товар за дебитантите на светската завршница, кои беа елиминирани уште во првата рунда од бразилски гејмери.

Ohridnews