Охриѓаните Јован Каланоски, Анел Цековиќ, Јован Деребаноски, Влатко Сековски и Александар Киселинов, загубија во осмина-финалето од екипата „Некст“ од Казахстан, со резултат 1:2.
Ова е вторпат охридската кантер-страјк екипа „Ентити“, да ја претставува Македонија во финалните натпревари на „World Cyber Games“. Учеството на натпреварите во Јужна Кореја, оваа екипа го обезбеди победувајќи на квалификациите, на кои учествуваа 60 екипи со над 300 натпреварувачи.
Инаку „Ентити“ како најдобра екипа од Балканот учествуваше и на финалниот натпревар „KODE5 Global final“ што во 2009 година се одржа во Москва.











