Денеска во гимназијата „Св. Климент Охридски“ беше спорведено PISA тестирање на репрезентаивен примерок на ученици избрани по случаен избор.
Целта на оценување кое се спроведува на секои 3 години и се практикува во повеќе од 60 држави ширум светот, е да се види квалитетот на образовниот систем.
„Се очекува резултатите да дадат значајни сознанија за тоа колку учениците во Македонија се подготвени за учење и живот како возрасни откако ќе го напуштат училиштето, како и да помогнат да се идентификуваат областите кои треба да се унапредат од страна на училииштата, образовниот систем и Владата. Крајно, тие би овозможиле споредување на ефикасноста на ученикот и средината за учење помеѓу различни земји.“ – велат од локалната самоуправа.
PISA тестирањата (Programme for International Student Assessment) се меѓународни истражувања за проценка на знаења и вештини на петнаесетгодишни ученици под покровителство на OECD – Организацијата за економска соработка и развој. Проектот PISA е започнат во 2000 година со цел да се оцени нивото на образование помеѓу младите.
OhridNews