Голем број млади и хумани граѓани го посетија добротворниот концерт што синоќе се одржа во ноќниот клуб „Арена“ во организација на лајанс клубот „Лихнидос“ од Охрид.

На концертот настапаија локалните бендови „Aquard“ и „Appendix“, кои одлично ја загреаа атмосферата.

На хуманитарниот концерт, покрај младите од Гимназија,  присуствуваа членови на лајанс клубовите од Охрид и хумани граѓани, кои несебично го поддржаа добротворниот настан.


Собраните средства од продажбата на влезници ќе бидат наменети за лекување на младо лице од Охрид, на кое му е неопходна помош.

 Лајанс клубот „Лихнидос“ искажува благодарност до сите што ја поддржаа оваа хуманитарна активност.

OhridNews