Учениците од охридската гимназија ОСУ„ Св.Климент Охридски“ Илина Гаџовска, Елени Наумова, Дафина Талеска, Ана Томоска и Маркус Голев – Мабуа, под менторство на професорките Ирена Бачиќ и Славка Јанеска, претстојуваа во Република Бугарија, како дел од Еразмус+ проект што се работи заедно со училишта од Полска, Бугарија, Романија,Турција и Грција.
Техниките усвоени на театарската работилница во куклениот театар во полскиот град Лублин, беа имплементирани на втората мобилност од Еразмус+ проектот „Through Art and to Art – Theater of the Iteм“ што од 26 до 29 април се одржа во бугарскиот град Русе, информираат од Охридската гимназија.
Училиштата од Русе, од полскиот град Киелск и романскиот Сату Маре, во Бугарија ги изведоа своите претстави сработени според однапред утврдените критериуми. При посетата на Русе, учесниците во проектот имаа несекојдневна можност непосредно да се запознаат со активностите од тековното работење на Градскиот театар и Операта. Меѓутоа, најинтересниот дел од нивните работилници беше таа во куклениот театар каде преку предавање и презентација глумците и режисерите се запознаа со различните техники на работа со кукли, велат од Охридската гимназија.

OhridNews














