Без левораките ракометари Васко Николовски и Аце Трифуноски охридските “гладијатори“ ќе атакуваат на триумф во Богданци и продолжување на победничката серија. Новина во составот на Охрид е враќањето на пивотменот, Бабачев, кој го пропушти натпреварот со Прилеп на домашен терен.

– Без мојата помош соиграчите ќе атакуваат на шестата победа во продолжението од сезоната. Верувам во нив дека од гостувањето од Богданци ќе се вратат со целиот плен – истакна Трифуноски.

Натпреварот со Младост се игра в сабота, а во останатите натпревари ќе се сретнат Струга – Јехона, Прилеп – Работнички, Драчево – Ринија, Ѓорче Петров – Радовиш и Вардар Полог е слободен.

Табела :

РК Струга 15 11  1   3 466:
376
34
РК Охрид 2011 15 11 0 4 380:
339
32
РК Радовиш 14 10 0 4 423:
369
30
Работнички 14 9 0 5 379:
361
27
Прилеп 2010 15 8 1 6 427:
387
25
РК Младост 09 15 8 1 6 398:
367
25
Драчево 15 8 1 6 439:
420
25
РК Риниа М 14 5 0 9 328:
373
14
Вардар Полог 15 3 2 10 346:
400
11
РК Ѓорче Петров 64 14 3 0 11 315:
374
6
Јехона 14 1 0 13 319:
454
3

Мх.П.