Ракометарите на Охрид 2011 ја забележаа четвртата победа во четвртиот натпревар во продолжението од сезоната во Првата машка ракометна лига и тоа втора на гости. Пред охридскиот состав во 15-та рунда потклекна поранешниот суперлигаш Драчево и на домашен терен претрпе пораз 34-25 (18-9).


Со четирите победи во серија избраниците на тренерот Горан Андоновски итаат кон врвот на табелата и до финишот на сезоната сериозно ќе в мешаат прсти за првите две места кои носат директен пласман во елитата односно бараж меч за Првата лига.

Ракометарите на Драчево немаа одговор за триото Андоновски (9 голови), Трифуноски (7 голови), Томоски (8 голови) кои до врв ја наполнија мрежата на домашниот состав. Столбот во охридската одбрана Поп Стефанија четири пати се запиша во листата на стрелци, Мирков постигна три голови, Бабачев два и Анѓелкоски еден.

Во 16-та рунда од Првата машка ракометна лига “гладијаторите“ на домашен терен го пречекуваат составот на Прилеп 2010.

Мх.П.