Охридската тврдина веќе две сезони е заштитен знак на охридските ракометари. Така треба да биде и во 18-та рунда од првенството кога охриѓани на домашен терен го пречекуваат лидерот на табелатa во Првата машка ракометна лига Струга.
Во две сезони колку опстојува охридскиот клуб на ракометната сцена имаат претрпено еден пораз во првенствен меч и тоа од суперлигаш Зомимак минатата сезона.
Натпреварите на Охрид на домашен терен :
РК Охрид 2011 |
31:23 (15:11) |
Прилеп 2010 |
РК Охрид 2011 |
25:14 (11:4) |
Вардар Полог |
РК Охрид 2011 |
31:26 (15:11) |
РК Радовиш |
РК Охрид 2011 |
31:28 (17:13) |
Работнички |
РК Охрид 2011 |
29:26 (17:12) |
РК Младост 09 |
РК Охрид 2011 |
23:22 (11:12) |
Драчево |
РК Охрид 2011 |
21:16 (11:7) |
РК Ѓорче Петров 64 |
Есенскиот првак во прволигашкото друштво, Струга е ранлив на гостински терен. Во седум натпревари имаат забележано три победи, горчината на поразот го имаат осетено три пати, а еднаш ремизирале со гол разлика (198-181).
Сезонава струшките ракометари го совладаа Охрид на гостински терен со 31-26, но тоа беше во првата рунда од Купот на Македонија.
Прилеп 2010 |
27:27 (13:13) |
РК Струга |
Вардар Полог |
26:24 (14:13) |
РК Струга |
Работнички |
33:26 (17:13) |
РК Струга |
Јехона |
23:41 (9:20) |
РК Струга |
РК Младост 09 |
25:26 (13:14) |
РК Струга |
Драчево |
27:26 (13:13) |
РК Струга |
РК Ѓорче Петров 64 | 20:28 (8:16) | РК Струга |
|
|
|
Покрај дербито на теренот ова ќе биде и двомеч на најдобрата одбрана онаа гранитната од Охрид која има примено (361) и струшкиот напад, кој досега има постигнато неверојатни 502 голови.
Мх.П.