Расте оптимизмот кај охридските хотелиери, откако исполнетоста на капацитетите за новогодишните празници надмина 50 проценти.

– Во последнава недела има подобрување на ситуацијата и во моментов информациите говорат дека скоро да нема објект на охридското крајбрежје кој не е 50% исполнет.-изјави Дончо Танески од ХОТАМ.

Во некои објекти, додаде Танески, исполнетоста е и 90 отсто, но генерално интересот за дочек на Новата година во Охрид годинава е послеб.

-Посебо е многу мал одзивот од домашните гости, но да се надеваме дека во последните два дена од годината ќе има зголемен интерес за доаѓање, вели Танески.

Според него слабата посета се должи на комплетната дезорганизираност во последните две и пол години во туристичкиот сектор, поточно на некоординираноста помеѓу институциите на системот на државно и локално ниво и стопанството. „Затоа очекуваме дека некои луѓе ќе се освестат и наместо декларативна, ќе му дадат оперативна поддршка на туризмот“, подвлече Танески.

OhridNews