Со цел привлекување што поголем број домашни туристи, хотелиерите на Охридско-струшката ривиера членки на Хотелската асоцијација на Македонија (ХОТАМ) донеаоа одлука за намалување на цените на аранжманите за туристите од земјава.
-Членките на ХОТАМ обезбедија специјални поволности за македонските туристи, со намалувања на редовните цени за 10-50 проценти, зависно од објектот. На овој начин очекуваме зголемен интерес кај македонските гости за престојната туристичка сезона, изјави претставникот на ХОТАМ, Стефан Николоски.
Исто така, оваа година членките на ХОТАМ организирано ќе настапат и на претстојниот Саем за туризам во Скопје, каде ќе биде презентирана понудата на Охрид за сезоната 2012.
Од ХОТАМ се задоволни од исполнетоста на капацитетите за Велигденските празници, и покрај неповолните временски услови.
-Исполнетоста е солидна иако очекувавме повеќе гости, но студеното и врнежливо време не го дозволи тоа. Сепак најавите за претстојната сезона се добри и очекуваме добра посетеност на Охрид, додаде Спиркоски.
ХОТАМ обединува над сто хотели и сместувачки објекти од целата земја, што е околу 70 проценти од расположливите сместувачките капацитети во Република Македонија.